Свет justin4f-1-web

4 февруари, 2013

Џастин Тимберлејк претстави две нови песни

Не неговиот настап во Њу Орлеанс на 2-ри февруари, Џастин Тимберлејк на голема врата се врати на музичката сцена и во придружба на 13-члениот бенд Д Тенеси Кидс и со поддршката на колегата Џеј Зи го претстави во живо актуелниот сингл „Suit & Tie“, но и уште две нови песни од неговиот претстоен албум „The 20/20 Experience“ кој ќе пристигне на 19-ти март. Станува збор за нумерите „Bad Girl“ и „Little Pusher Lover Girl“, чии изведби можете да ги погледнете во продолжение.

“Bad Girl”

 

“Little Pusher Lover Girl”

 

“Suit & Tie”

 

Инаку, покрај настапот на Греми наградите, кои ќе се одржат на 10-ти февруари, за прв пат по десет години, Џастин ќе настапи и на Британските музички награди (BRIT Awards) на 20-ти месецов, а настанот ќе се одржи во познатата лондонска О2 арена. Покрај Тимберлејк, ќе настапат и Емели Санде, Роби Вилијамс и групите Мјуз и Мамфор енд санс.

Извор: Idolator



Врати се горе ↑