Свет

13 март, 2019

Џастин Тимберлејк повторно во студио со Тимбаленд

Тимот што победува не се менува – ова е правилото кое важи и за американскиот пејач Џастин Тимберлејк, кој веќе влезе во студио за да го подготви материјалот за своето шесто студиско издание, а главниот соработник е кој друг ако не Тимбаленд!

Имено, откако одлучи малку да експериментира со последното издание „Man Of The Woods“ (2018), за кое не доби баш најдобри критики, некогашниот член на „Ен-синк“ се чини дека повторно ќе му се наврати на ар-ен-би и поп-звукот од ерата на „The 20/20 Experience“, двојното издание на кое се сместени хитовите „Suit & Tie“ и „Mirrors“.

Очекувањата од овој тандем од соништата се навистина големи, особено ако се земе предвид какви беа резултатите од нивните претходни соработки за мегахитовите како што се „SexyBack“, „Cry Me A River“, „Carry Out“, „My Love“, „Whay Goes Around Comes Around“

„Среќен роденден на мојот брат Тимбаленд! Повеќе ракоплескања како овие наскоро!“, напиша 38-годишната ѕвезда под видеото што го сподели на социјалните мрежи, во кое може да се види како музичарите се забавуваат во студио.



Врати се горе ↑