Свет justin-timberlake-the-2020-experience-photo-shoot-tom-munro-main-600x450

18 март, 2013

Џастин Тимберлејк ќе објави уште еден албум во ноември

Според тапанарот на Д Рутс – Куестлав (Questlove), Џастин Тимберлејк во ноември ќе објави уште еден албум, како продолжение на претстојниот „The 20/20 Experience“: „10 песни сега… 10 песни подоцна = 20 визии“ – рекол тој во форум на неговата музичка страна Okayplayer. Со оглед на тоа што и самиот Џастин во врска со насловот на албумот изјавил дека е инспириран од тоа што „снимил 20 песни за 20 дена“, оваа изјава е доста веројатна.

Изјавата на Куестлав пристигнала само еден ден откако Џастин открил дека со Џеј Зи снимиле повеќе од една песна. Минатиот месец, во интервју за магазинот Ролинг Стоун, Тимберлејк дал поинакво објаснување за насловот на неговиот трет албум. Приказната: Неговиот најдобар пријател пристигнал во студиото каде што работел Тимберлејк, слушнал неколку 20/20 песни и рекол: „Се чувствувам како да сум во филм. Се чувствувам како да можам да ја видам музиката, можам да видам различни бои во различни песни.“

Имено, за останатите соработки кои ги снимиле со Џеј Зи, виновна била Бијонсе: „Јас бев со Тим(баленд) и работевме на материјал за Бијонсе. И таа направи грешка што нè остави сами во студиото. Всушност, не сакам премногу да откривам, но направивме многу песни заедно, па се надевам дека ќе имате можност да ги слушнете.“ – изјавил Тимберлејк.

 

Извор: Idolator



Врати се горе ↑