Свет Justin-Timberlake-Lyric-Video

30 јануари, 2013

Џастин Тимберлејк ќе настапи на Греми наградите

Џастин Тимберлејк се враќа на голема врата годинава. По неколкугодишна пауза ненадејно се врати со нов сингл „Suit & Tie“, за кој снима и видео запис, а новиот албум „The 20/20 Experience“ е најавен за 19-ти март. Најновата вест поврзана со популарниот пејач, актер и сопственик на мрежата МајСпејс, е тоа што тој за прв пат по подолгата пауза ќе настапи на годинешното 55-то по ред доделување на Греми наградите, кое ќе се одржува во недела, 10-ти февруари. Покрај Тимберлејк, своите настапи ги потврдија и Ријана, Тејлор Свифт, Фан., Мамфорд енд санс и Д Блек Киз. 

Како што пишува магазинот Idolator, овој настап ќе биде прв по четири години откако Џастин настапил на Греми наградите, а исто така ќе биде и негово прво телевизиско појавување откако го најави новиот албум.

 

 



Врати се горе ↑