4 февруари, 2018

Џастин Тимберлејк ја екранизираше насловната „Man Of The Woods“

По повод објавувањето на својот нов студиски албум, Џастин Тимберлејк завчера го објави видеото за насловната тема „Man Of The Woods“. Соодветно со самиот концепт на албумот, пејачот овде става акцент на животот во природа, надвор од бучните метрополи, а како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе.

Инаку, токму денеска, 4 февруари, Тимберлејк ќе настапи на полувремето на еден од најгледаните спортски натпревари во САД, „Супер боул“, во чии рамки секоја година мини-концерти одржуваат најславните музички имиња, а спектаклот ќе имаме можност да го погледнеме утре.



Врати се горе ↑