25 јануари, 2018

Џастин Тимберлејк има кантри-дует со Крис Стејплтон

Често гледаме како кантри-ѕвездите преминуваат во водите на поп-музиката, но не е реткост да се види и обратниот случај. Токму тоа го направи и Џастин Тимберлејк со својата штотуку објавена песна „Say Something“, која ќе се најде на претстојниот албум „Man of the Woods“, а која ја сними во соработка со познатиот кантри-музичар Крис Стејплтон.

„Понекогаш најдобриот начин да кажеш нешто е да не речеш ништо“, пее 36-годишната ѕвезда, а штотуку објавеното видео за „Say Something“ ве очекува горе.

„Овој албум е инспириран од мојот син (Сајлас), мојата сопруга (Џесика Бил), моето семејство, но најмногу од мојот роден крај“, открил пејачот родум од Мемфис, Тенеси. Изданието е закажано за 2 февруари, само два дена пред неговиот настап на „Супер боул“, за којшто се очекува да биде вистински спектакл.



Врати се горе ↑