Свет article_big_1361967431jtmarcus

27 февруари, 2013

Џастин Тимберлејк и Маркус Мамфорд работат заедно

Во интервју за британската радио станица Capital FM, Џастин Тимберлејк објавил дека неодамна бил во студио со фронтменот на групата Мамфорд енд Санс – Маркус Мамфорд, каде што работеле на музиката за филмот „Inside Llewyn Davis“. Станува збор за последниот филм на браќата Коен, во кој покрај Тимберлејк, главните улоги ги играат Оскар Ајзак и акерката Кери Малиган, сопругата на Маркус Мамфорд.

Бидејќи во филмот се зборува за фолк пејачите од шеесетите, и музиката ќе биде во тој жанр. Продуцентот на албумот кој го следи филмот е Ти Боун Барнет (Т-Bone Burnett), кој работел и на саундтракот за филмот „O Brother, Where Art Thou?“, за кој Барнет беше награден со Греми.

Сè уште не е познато кога ќе биде премиерата на филмот, а трејлерот можете да го погледнете во продолжение.

 

Извор: Billboard



Врати се горе ↑