Свет 553979_10151316501422098_113031273_n

23 февруари, 2013

Џастин Тимберлејк и Џеј Зи се „Легенди на летото“

По успешниот заеднички сингл „Suit & Tie“ со кој Џастин Тимберлејк по подолга пауза се врати на музичката сцена, заедно со Џеј Зи летово ќе одржат 12 концерти за паметење. Со повеќе од 23 Греми награди, 67 милиони продадени албуми и 2 Еми награди заедно, двете музички икони ќе ја започнат оваа турнеја на 17-ти јули во Торонто, Канада, а ќе ја завршат на 16-ти август во Мајами, Флорида во САД.

На турнејата насловена „Legends of the Summer“ Тимберлејк ќе го промовира материјалот од неговиот нов албум „The 20/20 Experience“, закажан за 19-ти март.

 



Врати се горе ↑