Свет JTJayZ

13 февруари, 2013

Џастин Тимберлејк и Џеј Зи на заедничка турнеја?

Како што пишува магазинот PopCrush, Џастин Тимберлејк и Џеј Зи веројатно ќе заминат на заедничка турнеја. Тимберлејк, кој од почетокот на годинава не престанува со новитетите и Џеј Зи, кој рапува во големиот повратнички хит сингл на Џастин „Suit & Tie“, се очекува да имаат 10 заеднички настапи.

Тимберлејк спомнал дека се подготвува нешто во врска со турнејата и даде нејасни сигнали на црвениот тепих на Греми наградите минатиот викенд, но не појасни дали Џеј Зи ќе биде вклучен во сето тоа. Тој наводно за медиумите изјавил: „Дефинитивно ќе одиме на турнеја. Не знам колку треба да откријам. Знам дека ќе биде многу забавно.“ 

Со оглед на тоа што не се знае на кого се однесува тоа „ние“, ќе претпоставиме дека се работи за Џеј Зи. Џастин деновиве претстави уште една песна од претстојниот албум „The 20/20 Experience“, а тоа е нумерата „Mirrors“. Во продолжение погледнете го одличниот настап на доделувањето на Греми наградите, кое се одржа во неделата.

 



Врати се горе ↑