11 април, 2013

Џастин Тимберлејк го распеа претседателот на САД

Завчера, на 9-ти април, популарниот пејач родум од Тенеси, Џастин Тимберлејк беше во посета на Белата Куќа по повод специјална прослава на соул музиката од Мемфис, а неговата изведба на легендарниот хит „(Sittin’ On) the Dock of the Bay“ од Отис Рединг ги распеа и претседателот Обама и неговата сопруга.

Вечерта беше збогатена и со изведбите на артисти како што се Мејвис Стејплс, Бен Харпер, Чарли Маселвајт и Сем Мур. CBS News пренесува дека пејачот учествувал во работилница предводена од Мишел Обама, која привлекла студенти од целата земја. Првата Дама ја истакна важноста на музичарите што вредно работат за да ја усовршат нивната умешност, а според соопштението од Белата Куќа, таа изјавила дека „кога Џастин прв пат започна со турнеи, веднаш по настапот одел во автобусот да ја прегледа снимката од настапот и земал забелешки за следната ноќ да биде уште подобра.“

Изведбата на Тимберлејк ја воодушеви публиката, како што може да се види во снимката горе, а овој настан е десетти од серијата на „In Performance at the White House“.

Извор: PopCrush



Врати се горе ↑