Свет tumblr_mh7i3q6Npd1r877b7o1_r1_500

27 јануари, 2013

Џастин снима спот за „Suit & Tie“ и соработува со Ти Ај

Откако по подолга пауза се врати со новиот сингл „Suit & Tie“, Џастин Тимберлејк повторно руши рекорди. Новиот сингл кој одлично котира на топ листите ќе добие и свое видео издание, пишува МТV, а новиот албум „The 20/20 Experience“ се очекува да излезе на 19-ти март.

Во неодамнешно интервју за МТV, раперот Ти Ај ја потврди обновената соработка со Тимберлејк и Тимбаленд, со кои заеднички го снимија хитот „My Love“ од последниот албум на Џастин – „Future Sex/Love Sounds“ од 2006 година. Според неговите зборови, Ти Ај соработувал на три нумери кои веројатно ќе се најдат на новото издание на Тимберлејк, а го откри насловот на една од нив кој гласи „Goodbye Homеy“. Тој не сакал да открива повеќе детали, но ја објасни идејата позади новата песна: „,Goodbye Homey’ е всушност збогување со нешто што ти е многу важно. Не мора да значи дека се работи за личност, може да биде период од твојот живот, искуство, врска или пријател кој продолжил понатаму. Песната има многу значења и дефиниции, па кога ќе ја слушнете, ќе ја почувствувате и тогаш неговото значење ќе го одредите самите Вие.“

Сега ни останува само да почекаме и да видиме дали оваа или останатите соработки ќе се појават на „The 20/20 Experience“, а наскоро го очекуваме и видео записот за водечкиот сингл „Suit & Tie“ за кој соработуваше со Џеј Зи и Тимбаленд.

 



Врати се горе ↑