Свет justin-bieber-2013-concert-dates1

7 февруари, 2013

Џастин Бибер влезе во историјата

Според статистиките на агенцијата Nielsen SoundScan, Џастин Бибер влезе во историјата како прв изведувач кој имал пет „број 1“ наслови на американската Billboard 200 листа на албуми пред да наполни 19 години (што ќе се случи на 1-ви март). Неговото неодамна претставено издание „Believe Acoustic“ со 211 000 продадени примероци уште во првата недела од издавањето, дебитираше на првото место на официјалната албумска листа со што му се придружи на неговите претходни албуми „My World 2.0“ (2010), „Never Say Never: The Remixes“ (2011), „Under The Mistletoe“ (2011) и „Believe“ (2012).

Пред да го постави овој рекорд, Бибер ја делеше оваа позиција со колешката Мајли Сајрус, бидејќи и двајцата имаа по четири „број 1“ албуми пред да наполнат 19 години.

 Извор: Billboard



Врати се горе ↑