Свет ama2012

19 ноември, 2012

Џастин Бибер триумфираше и на Американските Музички Награди

Иако најмногу номинации на вчерашните Американски Музички Награди имаа Ники Минаж и Ријана, сепак најмногу награди собра тинејџерската поп атракција Џастин Бибер, кој собра три награди, а втора беше Минаж со две награди. Младата канадска пејачка Карли Ре Џепсен беше прогласена за најдобар нов артист на годината, а целосната листа на победници можете да ја погледнете во продолжение.

Победници на AMA (American Music Awards) 2012:

Артист на годината: Џастин Бибер

Најдобар нов артист на годината: Карли Ре Џепсен

Најдобар машки артист – поп/рок: Џастин Бибер

Најдобар женски артист: Кејти Пери

Најдобар бенд, дуо или група – поп/рок: Марун 5

Најдобар албум – поп/рок: Џастин Бибер „Believe“

Најдобар рап/хип-хоп артист: Ники Минаж

Најдобар рап/хип-хоп албум: Ники Минаж „Pink Friday: Roman Reloaded“

Најдобар машки соул/Р’н’Б артист: Ашер

Најдобар женски соул/Р’н’Б артист: Бијонсе

Најдобар соул/Р’н’Б албум: Ашер „Looking 4 Myself“

Најдобар возрасен современ артист: Адел

Најдобар латино артист: Шакира

Најдобар артист за Електро Денс Музика: Дејвид Гета

Најдобар женски кантри артист: Тејлор Свифт

Можеби најинтересен настап на целото шоу секако беше корејската сензација Псај кој заедно со МС Хамер изведоа комбинација од нивните најголеми хитови „Гангнам Стил“ и „2 Legit 2 Quit“. Погледнете како изгледаше тоа.

 



Врати се горе ↑