Свет Justin-Bieber

8 декември, 2012

Џастин Бибер подготвува акустичен албум

Во последно време најголемиот извор за вести и изјави на славните личности е секако Твитер. Деновиве на неговиот профил, канадската поп сензација Џастин Бибер напишал: „Пишувам многу нови материјали… Акустичен албум, нови аранжмани.“ Според Digital Spy, оваа изјава следувала откако неговиот менаџер Скутер Браун изјавил дека е потребен уште еден акустичен албум.

Ова ќе биде втор акустичен албум на Бибер, откако во 2010 година ја издаде акустичната верзија на албумот „My World“. За време на неговата турнеја „Believe“, тој изведуваше неколку акустични нумери со гитара, а сите беа одлично прифатени од фановите. Младиот пејач неодамна сними и акустична верзија на неговиот хит „Boyfriend“ за реклама за неговиот најнов парфем „Girlfriend“, која можете да ја погледнете во продолжение, како и целосната акустична верзија која ја изведе на еден од неговите концерти.

Извор и фото: Popcrush

 



Врати се горе ↑