Свет Bieber Oprah

27 ноември, 2012

Џастин Бибер на интервју кај Опра

Американската ТВ ѕвезда Опра Винфри неодамна го започна новиот серијал „Oprah’s Next Chapter“ (Следното поглавје на Опра), а во првата емисија гостуваше тинејџерската поп сензација Џастин Бибер. Во ексклузивното едночасовно интервју за OWN каналот кој го поседува самата Опра, младиот пејач, инаку прилично затворен, сепак даде многу одговори за неговата кариера како и приватниот живот кој се труди да го зачува за себе. Сепак дипломатски одговори на прашањето за неговата врска со Селена Гомез, така што не ни потврди, ниту одрече дали сè уште се во врска.

Она што можеше да се дознае од ова интервју беа неговите омилени албуми „Boyz II Men 2“ и „Thriller“ од Мајкл Џексон, а омилени ТВ серии му се „Smallville“ и „Friends“. Тој кажа дека никогаш не се одвојува од неговиот лаптоп, а во однос на тоа што секогаш мора да се прикрадува кога ќе оди од едно место на друго, пејачот рече дека се чувствува како Џејмс Бонд. Понатаму зборува и за неговата мајка, односот со фановите, неговите концерти и тн. Интересно е тоа што неговите родители го добиле Џастин кога биле на негова возраст, но тој не може никако да се замисли сега да има дете. Погледнете го интегрално ова интервју и можеби малку подобро ќе го запознаете ова младо момче од Канада.

 



Врати се горе ↑