Свет

12 јануари, 2019

Џастин Бибер ќе прослави 10 години кариера со компилација од најдобрите хитови

„The Best“ или „Најдоброто од Џастин Бибер“ е насловот на претстојната компилација со најголемите хитови, со која канадската суперѕвезда ќе одбележи 10 години кариера. Во 2009 година, тој го привлече вниманието на менаџерот Скутер Браун со неговите видеа на Јутјуб, а останатото е историја. Со хитови како што се „Baby“, „Boyfriend“ и „Sorry“, 24-годишниот пејач и тоа како има што да смести во оваа колекција закажана за 27 февруари.

Image result for justin bieber the best

Со четири албуми и бројни соработки зад себе, Бибер сигурно акцентот ќе го стави на материјалот од мегауспешниот „Purpose“ (2015), од каде што исфрли три број 1 хитови. Сè уште не е познато дали изданието ќе биде поддржано со нова песна, како што често прават музичарите со ваквите компилации, но обожавателите сигурно ќе очекуваат барем уште еден заразен рефрен од својот миленик.

Дотогаш да се потсетиме на неговиот можеби најголем и најуспешен хит досега – „Sorry“!



Врати се горе ↑