Свет 2012_8_22_y2lJIEMeHnJqV8yJEbrwk1

25 ноември, 2012

Џастин Бибер како Мајкл Џексон

Веќе одамна е познато дека канадската тинејџерска сензација Џастин Бибер сака да биде следниот Мајкл Џексон. Но, она што всушност Бибер го зема за пример од Џексон е градењето на кариерата, односно одлуките кои кралот на поп музиката ги носел. Како што изјавил самот пејач за Hollywood Reporter, тој се води според кариерата на Мајкл бидејќи и самиот тој имал успешна кариера кога бил на негова возраст. Бибер рекол: „Ја градам мојата кариера според одлуките кои ги донел Мајкл и начинот на кој ги одржувал заинтересирани бројните млади фанови, а неговиот приватен живот останал приватен. Тоа го правеше супер интересен.“

Оваа изјава ја искоментирал и неговиот менаџер Скутер Браун велејќи: „Не е во прашање тоа што Џастин сака да биде Мајкл Џексон. Станува збор за тоа што Мајкл беше најуспешен, па зошто да не се огледа на него? Секој би требало да учи од најдобрите, од нивните успеси, но и од нивните падови.“

Инаку, друг новитет од тинејџерската ѕвезда деновиве е нов сингл. Секако се изморивме од проблемите во врската со Селена Гомез, па конечно можеме да слушнеме и дел од песната „Make You Believe“ која ќе биде дел од албумот „Believe 2.0“, а е најавен во февруари следната година. Во продолжение слушнете како тоа звучи.

Извор: popcrush.com

 



Врати се горе ↑