Аудио jb

28 април, 2014

Џастин Бибер изненади со нова балада

Канадската сензација Џастин Бибер неодамна на сервисот SoundCloud отвори нов профил под името Sirbizzle. Токму на овој сервис пејачот викендов ја објави баладата насловена „Hard 2 Face Reality“ која е инспирирана од звукот на деведесеттите години и зборува за врска на далечина која постепено се распаѓа, а покрај Бибер може да се слушне и гласот на неговиот колега Пу Беар (Poo Bear). Оваа промена на името, како и новите материјали одат во прилог на изјавите дека пејачот се обидува да се ослободи од статусот на тинејџејски идол, а дали ќе успее во тоа ќе покаже времето. Како звучи новата песна можете да слушнете во продолжение.



Врати се горе ↑