13 април, 2013

Џастин Бибер и Лудакрис Ве носат „Околу светот“

Џастин Бибер и Лудакрис вчера го претставија видео записот за нивниот заеднички сингл „All Around the World“, кој содржи сцени од неодамнешната  светска турнеја на Бибер насловена „Believe“, како и фановите на Бибер кои врескаат, плачат и полудуваат кога ќе го видат. Како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

Песната беше претставена како втор најавен сингл од неговиот претпоследен албум „Believe“ (последно беше изданието „Believe Acoustic“), а на почетокот на годинава Бибер влезе во историјата како прв изведувач кој имал пет „број 1“ наслови на американската Billboard 200 листа на албуми пред да наполни 19 години.



Врати се горе ↑