Свет

7 мај, 2019

Џастин Бибер и Ед Ширан го најавија дуетот „I Don’t Care“

Џастин Бибер и Ед Ширан неодамна споделија речиси идентични фотографии на своите профили на Инстаграм, па обожавателите на канадската и на британската ѕвезда веднаш почнаа да шпекулираат дека станува збор за нова соработка. И шпекулациите беа точни – музичарите денеска ја потврдија веста дека подготвуваат нова песна, а темата насловена „IDC“ или „I Don’t Care“ ќе ја слушнеме веќе в петок.

View this post on Instagram

Pre save now. #friday #idontcare @teddysphotos

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber) on

Како што е познато, Бибер и Ширан соработуваа и претходно, за хитот „Love Yourself“, кој Џастин го смести на неговото мошне успешно издание „Purpose“ (2015), но ова ќе биде првпат да ги слушнеме двата пејачи во дует.

Сè уште нема информации дали новиот сингл е најава за некое или за двете претстојни изданија на популарните ѕвезди, кои се видно отсутни од топ-листите барем една година. Како што споменавме, последниот албум Бибер го објави во 2015, а Ширан во 2017 година, па дали и што подготвуваат за новите поглавја во нивните кариери, ќе дознаеме наскоро.

Како ќе звучи новиот дует, слушнете од кусиот извадок во продолжение.

View this post on Instagram

@teddysphotos

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber) on



Врати се горе ↑