Аудио justin_heartbreaker

7 октомври, 2013

Џастин Бибер го претставува проектот „Music Mondays“

Младата канадска поп ѕвезда Џастин Бибер неодамна го најави проектот насловен „Music Mondays“, кој наликува на она што Канје Вест го направи во 2010 година под насловот „G.O.O.D. Fridays“, кога петнаесет недели со ред секој петок објавуваше по еден нов сингл, а Бибер на своите фанови почнувајќи од денес, во следните десет недели секој понеделник ќе им „подарува“ по една нова песна.

Последниот студиски албум Бибер го објави во декември минатата година, а крајот на јануари годинава го заокружи со акустична верзија на изданието „Believe“ издадено во јуни 2012 година. Потоа следуваше подолга пауза во која младиот музичар гостуваше во неколку сингла, меѓу кои и „#thatPOWER“ која се најде на актуелниот албум на Вил Ај Ем.

Пејачот кој на овогодишните доделувања на Европските Музички Награди на MTV е номиниран во четири категории (Најдобар машки изведувач, Најдобар поп изведувач, Најголеми фанови и Најдобар канадски изведувач), одамна немал толку активен период во претставувањето на нова музика и сигурно е дека неговите фанови во следните недели внимателно ќе го следат неговиот канал на ЈуТјуб.

Првиот сингл од серијата „Music Mondays“ е темата „Heartbreaker“ која можете да ја слушнете во продолжение.

 

 



Врати се горе ↑