Свет Justin-Bieber1

30 јануари, 2013

Џастин Бибер го претстави албумот „Believe Acoustic“

Тинејџерската сензација Џастин Бибер вчера ја претстави акустичната верзија на неговиот последен албум „Believe“, насловна „Believe Acoustic“. Иако долго пред објавувањето на албумот, голем број на песни „протекоа“ на интернет, деновиве тој го претстави прво видеото од изведбата на хитот „As Long As You Love Me“, а сега пристигна и избедбата на „All Around The World“. И двете избедби се дел од неговиот настап во Австралија.

Според проценките на агенцијата Nieslen SoundScan, албумот „Believe Acoustic“ лесно би можел да биде петти „број 1“ албум за младиот пејач на американската топ листа, со што би соборил два досегашни рекорди: би бил прв изведувач кој имал пет албуми на прво место пред да наполни 19 години (во моментов, со по четири албумо го дели првото место со Мајли Сајрус), а потоа би станaл десетти изведувач во историјата кој за четири години имал последувателни четири „број 1“ албуми.

Во продолжение погледнете ги акустичните изведби на „As Long As You Love Me“ и „All Around The World“.



Врати се горе ↑