Видео 24vest-dzaro-skopski

16 ноември, 2014

Џаро: „За скандалот на Скопски виновна е МРТВ“

Местењето на „Скопскиот фестивал“ ја разбранува македонската јавност. Во петокот, во попладневната емисија „24 за животот“, која во живо се емитуваше на телевизијата „24 Вести“, гостин беше познатиот менаџер, радио и телевизиски водител Велибор Џаровски – Џаро.

„Јас да го местев скопскиот фестивал немаше да ме фатат за 25 години. На погрешна страна оди целата приказна, ова кај нашиот северен сосед има една изрека која вели: ’Тресла се гора родио се миш’. Нема ништо од ова”, изјави познатиот менаџер во емисијата. Со оглед на тоа дека станува збор за четворица инволвирaни (сопственици на две продукциски куќи) од кој едниот се наоѓа надвор од Македонија, Министерството за внатрешни работи сè уште не излегло со официјален извештај за целото случување, Џаровски за сето тоа вели:

„Чија песна тие напишаа? На преубавата девојка која со години не може да се приближи на Калиопи, Каролина и Тамара. Првите три се Калиопи, Каролина и Тамара, а четвртата некако… плавуша е, не ѝ помага ни врска со бизнисмен, ни илјада глупости, ни абортус, ни ништо не ѝ помага. За неа се сите овие глупости”, вели Џаровски и додава: „Знаете ли кој ја направи целата беља и им го расипа тука планот? Лукавиот Копров на кој не рачунаа они”, додава Џаровски. И продолжува:

„Најголеми виновници за ова се луѓе од Македонската телевизија. Дали заради наивност или поради свои побуди тие се единствени виновници. МВР треба истрагата да ја прекине и да ја сврти кон друг правец. Македонската телевизија уште во првиот час помисли дека нешто ќе биде нерегуларно и затоа одлучи да има меѓународно жири, значи се сомневаше во македонското жири. Тие ставија меѓународно жири, кој ги одбра државите кои гласаа? Зошто ние да веруваме дека тие имаат регуларно одбрано жири? Зошто се луѓето од Македонска телевизија виновни треба ова прашање МВР да си го постави на себе и на македонската јавност. Кој ја одбра фирмата која го спроведуваше гласањето односно телеволтингот? Кој ја одбра фирмата, по тој резон наместени се и Макфест и Цветници”, изјави познатиот менаџер.

Целиор разговор можете да го погледнете на „24 Вести“.



Врати се горе ↑