11 април, 2018

Џанел Моне со „Розова“ ода за жените

Американската пејачка и актерка Џанел Моне го објави видеото за својот нов сингл насловен „PYNK“, кој ќе се најде на претстојниот албум „Dirty Computer“, закажан за 27 април. И за оваа песна Моне ги здружи силите со продуцентот Грајмс, со кого претходно соработуваше за неговата „Venus Fly“, а розовото видео кое суптилно го визуализира сè она што значи жена, е во режија на Ема Вестенберг.

Новиот албум, кој ќе биде трет по ред за Моне, ќе стигне заедно со филм во форма на наратив, во стилот на „Lemonade“ на Бијонсе, а освен „PYNK“, на него ќе се најдат и претходно објавените „Make Me Feel“ и „Django Jane“. Како изгледа и звучи нејзината ода за жените дознајте горе. Уживајте!

 



Врати се горе ↑