Аудио jm-y

1 април, 2015

Џанел Моне со нов, фанки сингл насловен „Yoga“

Џанел Моне одлучи пролетва да ги израдува своите фанови со уште една фанки химна, која има необичен наслов. Станува збор за темата насловена „Yoga“, која ќе се најде на нејзината компилација „THE EEPHUS“.  Пејачката во песната открива дека отсекогаш била бунтовничка и никогаш не го правела тоа што другите го очекувале од неа. Неочекувана беше и соработката со младиот музичар Џидена, кој гостува во овој сингл.

 

 

Компилацијата „THE EEPHUS“ е резултат од соработката со етикетата „Вондаленд рекордс“ (Wondaland Records) и „Епик рекордс“, а покрај „Yoga“, ќе се најде и новиот сингл на Џидена – „Classic Man“.

 



Врати се горе ↑