Свет Janelle-Monae-006

14 април, 2013

Џанел Моне најави дует со Ерика Баду и нов албум

Три години откако го издаде албумот „The ArchAndroid“, Џанел Моне (Janelle Monae) наскоро ќе го претстави следното издание насловено „The Electric Lady“. Деновиве пристигна и веста дека првиот најавен сингл ќе пристигне на 22-ри април, а нумерата насловена „Q.U.E.E.N.“ ќе би во соработка со познатата пејачка Ерика Баду.

Моне минатата година се најде на врвот на билбордовата Хот 100 листа со гостувањето во познатиот хит на групата Фан., со Греми наградената песна „We Are Young“. За новиот сингл сè уште не се познати детали, освен промотивниот „gif“ кој можете да го видите во продолжение.

Special Announcement

Извор: Idolator



Врати се горе ↑