Аудио jm-h-db

6 април, 2014

Џанел Моне ја обработи „Heroes“ од Девид Боуви

Р’н’Б музичарката Џанел Моне деновиве ја претстави својата верзија на темата „Heroes“ која во 1977 година ја сними легендарниот британски музичар Дејвид Боуви. Оваа песна воедно е дел од фудбалската кампањата на „Пепси“ за 2014 година, а веќе имавте можност да ја видите рекламата во која се појавуваат познатите фудбалери Робин Ван Перси, Давид Луиз, Серхио Рамос, Серхио Агиеро, Џек Вилшир и четирикратниот играч на годината, Лео Меси.

Во разговор со британскиот магазин NME, Моне изјавила: „Јас сум голем љубител на Боуви и тој е дел од мојата музичка ДНК. Оваа песна едноставно ме прави посмела како уметник и токму тоа чувство сакав да им го пренесам на сите.“ Како звучи нејзината верзија на „Heroes“ можете да слушнете во продолжение.



Врати се горе ↑