Видео

27 април, 2018

Џанел Моне го претстави визуелниот албум „Валкан компјутер“

Џанел Моне денеска го објави својот нов, трет по ред студиски албум насловен „Dirty Computer“, кој стигна во комплет со долгометражен, педесетминутен филм. „Јас не сум кошмарот на Америка, јас сум американскиот сон“, вели пејачката и актерка во новиот проект, кој освен што е уметничко достигнување, го слави женското зајакнување, различностите и ценењето себеси.

Image result for dirty computer janelle

Изданието содржи вкупно 14 песни, на дел од нив гостуваат Брајан Вилсон, Зои Кравиц, Грајмс и Фарел Вилијамс, а доста се забележува и влијанието од нејзиниот идол Принс, со кого Моне соработувала на претходниот албум, „Electric Lady“ (2013).

Image result for dirty computer janelle

32-годишната музичарка, која дебитираше на филмското платно со улогите во оскаровските остварувања „Месечева светлина“ и „Скриени фигури“, своите актерски способности ги прикажува и во овој свој проект, а како изгледа и звучи „Валканиот компјутер“ на Џанел Моне дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑