Настани Jamiroquai_srp_exit632cc7

29 април, 2014

Џамироквај ѕвезда на Си Денс фестивалот

Едно од најголемите музички имиња на денешницата, разиграниот бенд Џамироквај (Jamiroquai), на чело со екстравагантниот пејач Џеј Кеј, е главна ѕвезда на „Си Денс“ (Sea Dance) фестивалот, кој од 15 до 17 јули ќе се одржи на една од најубавите плажи на Јадранот, Јаз кај Будва. По повеќе од дваесет години успешна кариера, 25 милиони продадени албуми, освоени Греми награди, безброј откачени шапки и еден од најпосетените концерти во историјата на ЕГЗИТ фестивал, „Џамироквај“ се придружува на ЕГЗИТ авантурата, за да  ги покрене посетителите на Си Денс фестивал на фанки морски танц со хитовите “Virtual Insanity”, „Cosmic Girl“, „Love Fool“, „Little L“, „Corner of the Earth“ и многу други!

По дури 22 години на сцената Џеј Кеј и екипата ја докажуваат постојаноста на својот својствен израз, со години обоен со фанк, електро и чисти поп сегменти. Комбинацијата на лелеавиот вокал и интересните костимографски креации им овозможи отскокнување од шаблонот и резултираше со кариера преполна со хитови како „Cosmic Girl“, „Love Fool“, „Little L“.

Дури и по толку долготрајна и со награди крунисана кариера, Џамироквај и понатаму важи за бенд кој дава сè од себе на настапите, што сигурно ќе се случи и на Си Денс фестивалот, пред огромниот број фанови подготвени повторно да заиграат со вечното момче, Џеј Кеј!

 

„ЕГЗИТ“ АВАНТУРА / „СИ ДЕНС“ ФЕСТИВАЛ 15 – 17. ЈУЛИ,ПЛАЖА ЈАЗ

Си Денс фестивалот ќе биде одржан од 15 до 17 јули 2014. на плажата Јаз во Будва и ќе го претстави совршениот завршеток на осумдневната ЕГЗИТ АВАНТУРА која, по повод 15-тото издание на ЕГЗИТ, започнува на 11 јуни на РОК@ЕГЗИТ фестивалот на Петроварадинска тврдина, потоа продолжува на истото место 10–13. јули со ЕГЗИТ фестивал, по што летната журка се сели на Јадранскиот брег.

Главната бина на Си Денс Фестивал, со капацитет од 30.000 луѓе, во три дена на публиката ќе и претстави три омилени бини од ЕГЗИТ! На главната бина на Си Денс фестивал првиот ден ќе гостува „Мејн стејџот“ на ЕГЗИТ, а главна ѕвезда ќе биде Џеј Кеј со „Џамироквај“! Во среда, 16 јули, на вториот ден од фестивалот, на Си Денс главната бина ќе се претстави славната ЕГЗИТ Х-Бејс програма, која втора година по ред се реализира со светската најзначајна платформа за промоција на бејс музиката, славната УКФ. Покрај бејс великаните, во среда на главната бина ќе гостуваат ипретставниците на омилената бина на публиката на ЕГЗИТ, Фјужн бината (втората најголема бина на фестивалот).

Конечно, во четврток, 17 јули, ѕвезди на главната бина на СИ ДЕНС фестивал ќе бидат гладијаторите од славната ЕГЗИТ Денс Арена, еден од најдобрите денс подиуми на светот и местото на средби на електронските титани. Енергијата на Денс Арена, заедно со морскиот воздух набиен со електрицитет ќе доведе до експлозија на илјада сонца на последниот ден на СИ ДЕНС фестивалот!

За овие три дена главната бина на СДФ ќе претстави три бини од ЕГЗИТ, меѓутоа ова не е сè! Во оваа прилика најавуваме уште три бини на СИ ДЕНС фестивалот!

Кон морското издание на ЕГЗИТ се придружуваат уште и РЕГЕ СТЕЈЏ, спиритуалната душа на ЕГЗИТ фестивал, ЛАТИНО СТЕЈЏ, најдобрата фестивалска забава, но и САЈЛЕНТ ДИСКО (SILENT DISCO),најдобрата забава за „џускање“ до зори со слушалки на две фреквенции!

Кампот на Си Денс фестивал, сместен покрај самиот брег на морето, ќе биде организиран во фестивалската зона, помеѓу главната бина и плажата. Кампот ќе биде отворен од 14 до 22 јули, а со тоа на сите посетители ќе им пружи незаборавни летни ноќи под ведро небо, со илјадници млади луѓе од целиот свет!

Во продажба се влезниците за ЕГЗИТ АВАНТУРА со претпродажната цена од 4.320 денари. Влезница за ЕГЗИТ АВАНТУРА подразбира четиридневнавлезница за ЕГЗИТ ФЕСТИВАЛ 2014 и тридневна влезница за СИ ДЕНС ФЕСТИВАЛ 2014.

НЕМАШ КАРТА? ИМАШ ПРИЈАТЕЛИ? На 5 купени комплети за ЕГЗИТ АВАНТУРА добивате 1 гратис, како и карти за „Квинс оф д стоун ејџ“ бесплатно за сите! Повеќе информации на линкот www.exitfest.org/sr/news/nemas-kartu-imas-prijatelje-0 и на www.mktickets.mk

Во продажба е и тринаесетдневен ЕГЗИТ АВАНТУРА ПАКЕТ по цена од 11.350 денари.
Сите информации се достапни на www.exitfest.org 



Врати се горе ↑