Концерт jamiroquai

9 април, 2013

Џамирокваи на 30-ти јуни во Белград

Најпознатиот претставник на ејсид џез/соул/фанк движењето, Џамирокваи во регионот ќе одржи два концерта, едниот во главниот град на Бугарија на 28-ми јуни, а два дена подоцна, на 30-ти во белградската Комбанк арена.  Влезниците за белградскиот концерт се пуштени во продажба од денеска (вторник, 9-ти април), а можат да се набават преку страниците на www.kombankarena.com и www.eventim.rs

„Вселенскиот шапкар“ и голем фан на автомобили (во својата колекција ги има преку 30), шармантниот фронтмен Џеј Кеј одлучил да се посвети на музиката по проблематичниот тинејџерски период, бегството од дома и инцидентот во кој за малку ќе го изгубеше животот.

Името на бендот JAMIROQUAI настанало од комбинација од индијанското племе Ирокези и музичкиот термин „jam“. И по повеќе од две децении, Џеј Кеј и екипата се верни на сопствениот израз прошаран со фанк, електро и поп сегменти. Комбинацијата од уникатниот вокал и безброј откачени шапки со музика која повикува на танц, им овозможи кариера полна со хит синглови како што се „Cosmic Girl“, „Love Fool“, „Little L“, „Space Cowboy“, „Deeper Underground“, „Virtual Insanity“ (која неодамна можевме да ја слушнеме во изведба на младата македонска музичка надеж – Мартина Блажеска) и многу други.

Песна по песна на топ листите, преку 25 милиони продадени албуми, бројни награди вклучувајќи пет MTV признанија, Ivor Novello и Греми се резултат од нивните творештва низ кои ги води фантазијата на Џеј Кеј. Издавачката куќа Sony го забележала нивниот прв сингл „When You Gonna Learn“ и им го објави првенчето „Emergency on Planet Earth“. Популарноста им го носи и следниот албум „The Return of the Space Cowboy“, но планетарна слава стекнуваат со „Traveling Without Moving“, издаден во 1996 година. Хитот „Virtual Insanity“ станува кулминација на вечерта на секој подиум, а Џеј Кеј препознат како еден од омилените вокали на ејсид џезот, па и целата поп музика.

 

Извор: MTV.rs



Врати се горе ↑