9 декември, 2016

Џамбо и Слаткаристика ја вжештија атмосферата со „Стани моме“

Неочекуваните соработки се секогаш интересни за публиката, особено кога станува збор за музичари со различни позадини. Сепак, она што се случи деновиве во една дискотека во Струмица и не е толку неочекувано. Имено, познатиот хип-хоп артист Слаткаристика, кој често знае да вметне фолк елементи во своите хитови, на својот настап во струмичката дискотека запеа заедно со виртуозот на труба, Џамбо Агушев, изведувајќи ја познатата „Стани моме“.

Музичарите ја вжештија претпразничната амосфера, која веќе почнува да се чувствува низ кафулињата, рестораните и дискотеките ширум земјата, а како изгледаше сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!

 

 



Врати се горе ↑