Македонија ImageProxy

16 јуни, 2014

Џамбо Агушеви Оркестар освои прва награда во Франција‏

Минатиот викенд оркестарот Џамбо Агушеви се натпреваруваше како претставник од Македонија на Светското натпреварување на трубачките оркестри во Дол (Франција) и ја освои првата награда од жирито во исклучително силната конкуренција. Со оваа награда овој македонски оркестар и неговиот лидер Џамбо, се закитија со уште едно важно признание. Оркестрите кои беа во конкуренција за оваа награда од Колумбија, С.А.Д., Африка, беа одлични и тешко надминливи, но на крајот сепак токму оркестарот од Македонија беше повикан на бината да ја преземе првата награда. Видеото од доделувањето на наградата можете да го погледнете во продолжение.

 

Откако настапија во Историскиот музеј во Тирана, по повод Светскиот ден на Ромите, оркестарот Џамбо Агушеви замина и на европска турнеја, свирејќи во Словенија, Хрватска, Италија, Франција и Босна и Херцеговина и најавувајќи го својот нов албум. Под сигурното водство на Џемал, основачот на оркестарот, младите македонски трубачи лесно ги поднесоа долгите патувања и ја освоија публиката насекаде каде што настапуваа.

„Ајмо“/ Фестивал „Welcome in Tziganie“

 

„I Love you Mexico“ / Мост на Сочи

Оркестарот на овие патувања имаше прилика да се сретне со сараевскиот состав Дубиоза колектив и благодарение на нивното дружење дојдоа до лудата идеја една од песните на Дубиоза да ја извдат пред публиката.

Џамбо Агушеви Оркестар турнејата ја продолжи со настап на „Сарајево Севдах Фест“. Сараевскиот состав „Диванхана“ (Divanhana) со Џамбо ја сними славната севдалинка „Звјезда тјера мјесеца“, а  видеото за оваа песна e и поддршка за репрезентацијата на БиХ, која овие денови настапува на Светското првенство во фудбал во Бразил.

 

Оркестарот продолжува со својата работа на новиот албум и подготвува големо изненадување за своите обожаватели, кое наскоро ќе биде и официјално објавено



Врати се горе ↑