Македонија 1896776_611888305547571_2130152303_n

31 октомври, 2014

„Џамбо Агушеви оркестар“ ќе ја придружува Цеца на концертот во Софија

Познатата балканска ѕвезда Цеца Ражњатовиќ на 7 ноември ќе одржиголем солистички концерт во бугарската престолнина, а спектаклот ќе биде збогатен со македонскиот дувачки оркестар „Џамбо Агушеви“, познат како „Македонскиот виртуоз на труби“, пишува „Вечер“. Динамичната музика на „Џамбо Агушеви оркестар“ ќе направи убаво расположение, воодушевување и позитивни емоции на публиката во салата, пишуваат бугарските медиуми.

Во март годинава, оркестарот настапи на најзначајната културна манифестација во Мексико – „Festival del Centro Histórico“,а во јуни се натпреваруваше како претставник од Македонија на Светското натпреварување на трубачките оркестри во Дол (Франција) и ја освои првата награда од жирито во исклучително силната конкуренција. Со оваа награда овој македонски оркестар и неговиот лидер Џамбо, се закитија со уште едно важно признание. Оркестрите кои беа во конкуренција за оваа награда од Колумбија, С.А.Д., Африка, беа одлични и тешко надминливи, но на крајот сепак токму оркестарот од Македонија беше повикан на бината да ја преземе првата награда.

 



Врати се горе ↑