Видео џамбо

12 јули, 2017

Џамбо Агушев снима филм во Полска

Џамбо Агушев веќе заплива во филмските води, а покрај тоа што ја компонираше музиката за корејско-американскиот филм „Окџа“, сега ќе го има и своето актерско деби. Имено, кралот на трубата деновиве претстојува во полскиот град Грозов, каде што снима филм посветен на животот на Ромите во светот, а истиот ќе биде прикажан на фестивалот „Ромски денови“.

„Јас и најпознатиот полски телевизиски водител, Томаж Камел, ги толкуваме главните улоги во овој филм, а дел од него ќе бидат и други музичари од повеќе земји. Филмот се снима на ромски и на полски јазик, а неговата промоција ќе се одржи наскоро во Грозов. Во план е и претставување на филмот во Македонија. Инаку, за мене ова е едно ново, позитивно искуство и навистина уживам во снимањето, но и во глумата“, рече Агушев, кој периодов со својот оркестар ќе одржи и голем број концерти во Македонија и регионот, меѓу кои и на претстојниот „Пиво фест“ во Прилеп.

Џамбо неодамна ја претстави и соработката со Ценк Боснали, турски музичар со босанско потекло, а темата насловена Çatlasın Tüm Düşmanlar“ (Нека пукнат душманите) можете да ја слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑