Џамбазов со оригинална покана за концертот во Битола
Мултиталентираниот уметник Игор Џамбазов отсекогаш бил познат по својата уникатност. Токму затоа не нè изненадува фактот што неговата покана и најава за неговиот претстоен концерт во Битола е мошне невообичаена. Имено, врнело – не врнело, Џамбазов и Гуру Харе бенд ќе одржат концерт на 12 септември (петок) на Ракометно игралиште со почеток од 21 часот, но каква е реакцијата на еден битолчанец (Саше од „Солза и смеа“) за скопјаните кои доаѓаат во неговиот град можете да видите во продолжение.