Настани

5 јуни, 2018

Џајковски, „САФ“ и „Фанк шуи“ на 6. „Скопје стрит фестивал“

Виртуозот Кирил Џајковски со ем-си Дејвид Лајон, одличните „Фанк шуи“ и хип-хоп легендите „САФ“ се главните ѕвезди на 6. издание на „Скопје стрит фестивал“, кое ќе се одржи на 8 и 9 јуни во Градскиот парк. Освен нив, во рамките на двата фестивалски дена ќе настапат и диџеите Васо и Мачки (на 8 јуни) и Мартин Војдановски, Флудер и Маци (на 9 јуни).

Фотографија на Skopje Street Festival.

„Kреативност, интеракција и музика за една супер урбана средина. Ќе бидат отворени 5 подиуми: стрит-бол, денс, графити, музички и едукативен. #ОставиПечат за Скопје“, пишува во соопштението за настанот во организација на „Подиум“ и поддржан од „Вин мјузик фридам“ (WinMusicFreedom).

 



Врати се горе ↑