Настани kiril_dzajkovski

12 јули, 2013

Џајковски на фестивалот „Love&Happiness“ во Охрид

Оваа сезона повторно најатрактивното место на охридската ривиера ќе биде плажата Градиште, особено поради фактот што на овој простор се случуваа најголемите и најзначајните журки изминативе години. Плажата од оваа година работи во ново рубо, со збогатени содржини за релаксација и опуштање на посетителите.

Официјално е потврден долго планираниот настан, со концепт за задоволување на сите музички вкусови, така што кулминација на летото ќе биде в’сабота на 27-ми јули, кога на двете плажи во Градиште ќе се одржи добро познатиот „Фестивал на љубов и среќа“.

Како главна ѕвезда ќе настапи македонската атракција, која со неговата енергична музика успеа да направи фузија меѓу етно и денс фановите со феноменалните комбинации на хип-хоп, реге, даб и рок звуци –  Кирил Џајковски придружуван од својот многуброен бенд со настап во живо.

„Особено сме горди на фактот што ова е веќе петто издание на фестивалот. Минатата година под истото име на истото место се одржа овој фестивал и беше дефинитивно најдобриот настан за лето 2012-то привлекувајќи повеќе од 8000 посетители“ – вели Зафир Петровски, организатор на фестивалот.

Самиот податок што сите изминати години настаните поминуваат повеќе од успешно, фестивалот полека но сигурно се изгради како манифестација со традиција и постана бренд кој ќе расте и со текот на годините ќе добива се поголема поддршка.

 

Официјалниот распоред на Love&Happines 2013 e:

Main Stage /Втора плажа/

Концертен настап во живо на Кирил Џајковски заедно со својот бенд

 

Македонска поддршка:

  • диџеј Бабура
  • диџеј Боби
  • диџеј Бранчес

 

 

Trance stage: /Трета плажа/

  • Cosmosis
  • Archaic
  • Imaginary Sight
  • Galactic Explorers
  • Djantrix
  • Kox
  • Albiorix

 

Влезниците во претпродажба во ОНЕ салоните ширум републиката, МК Тикетс дистрибутивната мрежа и Југотон ГТЦ по промотивна цена од 400 денари. Влезниците на врата ќе се продаваат по цена од 500 денари.



Врати се горе ↑