Македонија 11.02.kiril1_

11 февруари, 2013

Џајковски ќе настапи на полскиот „Вудсток“

После незаборавната завршница на 2012 година со настапот во Скопје на „Таксират 14“, кој публиката го оцени како еден од најдобрите настапи на Џајковски досега, тој ја продолжува 2013-та со исто темпо, потврдувајќи ги гостувањата на најголемите европски музички настани, јавуваат од Пасворд ПродукцијаКирил Џајковски годинава ќе настапи на убедливо најголемиот отворен фестивал во Европа, полскиот Вудсток фестивал (Przynstanek Woodstock). Овој настап на еден од најзначајните композитори, продуценти и диџеи на балканската електросцена ќе се одржи на 4-ти август, третиот ден од фестивалот кој привлекува повеќе од 750.000 посетители.
Со ваквиот капацитет, Вудсток фестивал е еден од најголемите фестивали во светот, кој има 18-годишна традиција и се одржува на локацијата на поранешната полско-германска граница, Костшин над Одра во Полска. Покрај тоа, овој фестивал се издвојува и по унукатниот организацискиот пристапи. Организатор на фестивалот е „Great Orchestra of Christmas Charity“, најголемата и најценетата хуманитарна фондација во Полска, чија мисија е да обезбеди високо-квалитетна медицинска опрема за детските болници во Полска. За таа цел оваа хуманитарна организација успева да обезбеди дури 10 милиони евра во еден ден!!! Вудсток фестивалот е целосно некомерцијален, а годинава кон фестивалското мото, организаторот ја додаде и борбата за подобрување на условите за леквање на старите и изнемоштени лица.
Покрај настапот на Вудсток фестивал, во рамките на турнејата 2013, на 13ти јули Кирил ќе настапи и на годинашното издание на Похода – најголемиот музички фестивал во Словачка. За овој фестивал пак, имавме можност да дознаеме повеќе и за време на учеството на директорот на фетсивалот Михал Касцак, на „ПИН“ музичката конференција во Скопје. Похода Фестивал годинава ќе се одржи од 11 до 13 јули, а покрај Џајковски, во музичката програма веќе се потврдени настапите на легендарните „Ник Кејв енд д бед сидс“ (Nick Cave & The Bad Seeds), „Смешинг пампкинс“ (Smashing pumpkins), „Џастис“ (Justice), „Кајзер Чифс“ (Kaiser Chiefs) и многу други.


Врати се горе ↑