Настани 179193_297572040341185_977636343_n

6 август, 2013

Џајковски, Хикси, Северина и многу други на „Опен фест“ во Струмица

„Опен фестивалот“ во Струмица годинава ќе го оствари своето второ издание. Овој пат со збогатена програма, почнувајќи од 10-ти, распоредена на десет августовски денови. Покрај балканските ѕвезди Амадеус, Жељко Самарџиќ, Чорба, Ален Исламовиќ и Северина, како гости од Македонија ќе настапат Ике де Кока, струмички млади таленти, Френдс, Јупитер, Трибут за Гоце Арнаудов, Хаундс, Суперхикс и Кирил Џајковски.

За ска-панк бендот од Скопје ова ќе биде втор настап во ѕвездениот град, откако летово работно прошетаа до Босна и Словенија: „Одлучивме да ги повикаме Хикси по втор пат на ОПЕН фест затоа што сите минатогодишни анкети покажуваа дека направиле најдобра забава и особено младите ги бараа повторно“, велат од организацијата на овој летен фестивал.

На вториот музички ден од фестивалот, 17-ти август ќе настапи и мегапопуларниот Кирил Џајковски заедно со својот интернационален бенд. Својата голема светска летна турнеја ќе ја продолжи во Струмица каде што ќе настапи за прв пат: „Годинава имавме обиди во нашиот концепт да вметнеме уште многу имиња од македонската сцена, но единствено ексклузивците на Пасворд продукција привлекоа најголемо внимание кај публиката. Штета е што дури годинава Џајковски ќе го има првиот настап во нашиот град.“, објаснуваат организаторите за изборот на настапувачите.

Инаку, фестивалот вклучува ликовна колонија, вечери на поезија и афоризми, вечери на театар и филм, трка на келнери, државен бармен куп, хип хоп концерт, промоција на книги, концерт на фолклорни ансамбли.

Извор: popularno.mk



Врати се горе ↑