Џаџ Џулс на традиционалниот „Love & Happiness“ фестивал во Градиште
На големо задоволство на сите љубители на електронската музика, на овогодинешниот „Love & Happiness“ фестивал ќе настапи лондонскиот суперстар диџеј, креаторот на најпознатото радио шоу за електронска музика GLOBAL WARM UP, единствениот Џаџ Џулс (Judge Jules). Неговиот настап е предиден на Градиште (2-ра плажа).
А, на третата плажа на Градиште, жешката атмосфера ќе биде дополнета со настапот на еден од основоположниците на светската психоделична сцена, легендарниот Спејс Трајб (SPACE TRIBE).
Влезниците за Love & Happiness може да се купат во претпродажба по супер промотивна цена од 350 денари (потоа 450 денари) во 1/2 Југотон и дистрибутивната мрежа на www.kupikartizase.com.