22 јуни, 2013

Џа или Бу го најавија новиот албум со „Ризик“

Спрскиот панк рок бенд Џа или Бу деновиве го објави својот долгоочекуван албум „Куково лето“. Ова шесто студиско издание за овој состав е снимено во студиото Фабрика, а го продуцирал некогашниот продуцент на легендарните Екатарина Велика, Теодор Јани. Според зборовите на членовите од бендот, ова издание најмногу потсетува на нивниот албум „Сташни Суд“ од 1996 година.

При крајот на минатата година, по повод јубилејот од 25 години постоење на бендот ја објавија компилацијата „Добре ствари“, како и видео записот за истоимениот сингл, а покрај нивните најголеми хитови, на ова издание се најдоа и три синглови од претстојниот албум: „Вип“, „Добре ствари“ и „Ризик“. Прославата на јубилејот вклучуваше и турнеја која опфати преку 40 градови ширум државите од поранешна Југославија, а ќе продолжи и во текот на летото со настапи на многубројни фестивали во регионот.

Бендот го најавува новото издание токму со видео записот за песната „Ризик“, кој е изработен во црно-бела техника, а главна инспирација за оваа мала филмска приказна им биле филмовите од педесеттите години на минатиот век, особено легендарниот „Психо“ од Алфред Хичкок. Како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

 



Врати се горе ↑