Настани plakat_new

28 март, 2013

Двојките од „Танц со ѕвездите“ ќе танцуваат за Боро Стајиќ

Двојките од светски познатото шоу „Танц со ѕвездите“ својот талент и вештините кои ги стекнаа овие неколку месеци со учеството во ова шоу ќе ги донираат на хуманитарниот концерт наменет за собирање средства за лекување на Боро Стајиќ.

Поттикнати од желбата на сестрата на Боро, танцовите двојки од ова шоу ќе го отворат концертот со танго, танго кое се надеваат и посакуваат за некое време Боро заедно со неговата сестра да го заигра и со тоа да ја исполни желбата на Јана Стајиќ.

„Она што најмалку можам да го направам е да играм, пеам и помогнам за Боро… Од душа ќе играм танго, а играјќи ќе се молам за денот кога истото ќе можам да го направам со Боро… и верувам дека тоа ќе се случи. Знам!“ – вели Викторија Лоба, една од ѕвездите која со својот партнер ќе игра на овој хуманитарен хепенинг.

Боро Стајиќ е 18 годишен тинејџер кој изминатото лето, при скок во вода се здоби со повреда на 4. и 5.  р’бетен пршлен. Како последица на повредата има целосна парализа на рацете и нозете (tetraplegia). Неговиот живот доби сосема поинаков тек. Од тогаш, единствена  желба му е да оздрави, да ја поврати функцијата на рацете и нозете и да живее достоинствен и исполнет живот. Во борба за исполнување на неговата желба сите негови роднини, пријатели, познаници започнаа секакви хуманитарни акции ширум државата, но она што следи и она кое што ќе се случи во Универзална Сала на 03.04.2013 е вистински мевлем за душа. Концертно шоу на ултра познатите Нокаут, Игор Џамбазов, Леб и Сол, Бени и Нон Стоп, подготвено со комплетен оркестар, спектакуларно лајт шоу, интимна атмосфера и вистински вредности ќе бидат главните поставки за кои вреди да бидете сведоци но притоа да бидете хуманитарни.

Цената на влезниците изнесува 500 МКД, а истите може да се купуваат веќе од 15.03.2013 год. во сите продажни места на www.kupikartizase.com (½ Југотон, Нико Фон, Моби Клуб Плус, Цвеќара Розе Веро 2, Спортски центар Борис Трајковски, ТНТ ИТ Маркет, kupikarti.com City Mall) и на билетарата на Универзална Сала.

За оние кои не се во можност да танцуваат со двојките од шоуто „Танц со ѕвездите“, за оние кои не се во можност да ги слушаат неповторливите состави, за оние кои сочувствуваат…

 

Денарска сметка:

Сметка:  210-700000600857

Назив:   Луиза Стајиќ за лекување на дете  Боро Стајиќ

Банка:   НЛБ Тутунска Банка АД Скопје, ул. Водњанска бр.1, Скопје

 

Девизна сметка :

IBAN Code: MK07210501594890345

Name of account owner: Zoran Stajikj

Bank name: NLB Tutunska Banka A.D. Skopje , Vodnjanska br.1 Skopje

SWIFT : TUTUNMK22

 

ТЕЛЕФОНСКИ ЛИНИИ  на кои можете да донирате 100 ден/повик:

070/143-112

075/143-171

077/143-402

 

Ова популарно шоу е реализирано од страна на Македонската радио телевизија во соработка со „Дрим фектори“. 



Врати се горе ↑