Аудио

20 март, 2018

„Двеста дена, двеста два“ е новата соработка на Ориѓански и Шаќири

Како што ви пренесовме неодамна, Златко Ориѓански и Бени Шаќири ја продолжуваат плодната соработка со нова песна, која го носи насловот „Двеста дена, двеста два“.

Станува збор за уште едно авторско дело на Ориѓански, кој се потпишува на музиката и стиховите, а во реализацијата учествуваа и Дарко Илиевски на хармоника, Илија Филиповски на виолина, Благојче Трајковски на кларинет и Боби Василевски на електрична гитара. Василевски е и снимател на песната, а заедно со Ориѓански ја потпишуваат и продукцијата.

„Двеста дена, двеста два, блесава депресија! Дајте вино, дајте вино, дајте жолта ракија“, пее Бени во новата песна, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑