Свет mtv

19 февруари, 2016

Двејн Џонсон и Кевин Харт водители на јубилејните 25. филмски награди на Ем-ти-ви

Познатите актери Двејн Џонсон и Кевин Харт ја добија улогата на водители на јубилејното, 25. по ред доделување на филмските награди на Ем-ти-ви, кое ќе се одржи на 10 април во студиото „Ворнер брадрс“ во Бурбенк, Калифорнија. Ѕвездите ја соопштија веста преку интересно видео, во кое бараат од фановите да дадат предлози за промотивните реклами за настанот.

Фотографија: MTV Promo

Џонсон и Харт ветуваат одлична забава за престојната манифестација, а заедно ќе ги видиме и во новата акциона комедија „Централна интелигенција“, чија премиера е закажана за 17 јуни.

 



Врати се горе ↑