Свет elton john

6 ноември, 2012

Две песни на Елтон Џон најпродавани во Британија

Поп ѕвездата Елтон Џон се наоѓа на врвот на листата на најпродавани песни во Велика Британија и тоа со два сингла, од кои секој е продаден во 4.9 милиони примероци. Овие податоци се објавени на официјалната страница на британските хит листи, која годинава го слави својот 60 роденден.

Од формирањето на англиските хит листи Чартс во 1952 година, на која се рангираат сингловите според бројот на продадени примероци, на листата се појавија 32 000 песни, но само 123 ја преминале границата од милион продадени примероци и успеаја да се најдат на списокот на тн. милионски синглови (Milion Sellers). Сето ова го наведува фирмата која ја основала топ листата Офишал Чартс Компани (Official charts Company).

Првото место на листата го делат „Something About The Way You Look Tonight“ и верзијата на „Candle In The Wind“ која е адаптирана за погребот на прицезата Дајана во 1997 година, а двете се напишани и интерпретирани од Елтон Џон.

 

На третото место се наоѓа бендот Квин со „Бохемиан Рапсоди“, која е продадена во 2.36 милиони примероци. На петто место се Џон Траволта и Оливија Њутон-Џон со „You’re The One That I Want“ со 2 милиони примероци.

Големиот хит на Битлси „She Loves You“ се појавува на осмото место со 1.9 милиони примероци. Таа се наоѓа позади „Rivers of Babylon“ на Бони Ем која е на шестото место со два милиони, а исто толку копии се продадени од синглот „Relax“ на бендот Френки Гоус ту Холивуд и се наоѓа на седмата позиција.

Британската група од Ливерпул има седум песни во ексклузивниот клуб на синглови кои се продадени во повеќе од милион примероци. Синглот на поранешниот фронтмен Џон Ленон, „Imagine“ е на деветнаесеттото место со 1.6 милиони примероци, додека „Another Brick in the Wall“ на Пинк Флојд се најде на 91 место со 1.08 милиони продадени плочи.

Комплетната листа на песни кои се продадени во повеќе од милион примероци во последните шеесет години се наоѓа на веб страницата: www.officialcarts.com 

 

Извор: Прес Онлајн



Врати се горе ↑