Балкан 537105_469432769797176_966371168_n

27 април, 2013

Две нови верзии на српската евровизиска песна

До 58-то издание на Евровизија нè делат помалку од месец дена, а трендот на изработка на повеќе верзии од евровизиските песни го следи и нашиот северен сосед. Победничката песна на Беосонг 2013 „Љубав је свуда“ од групата Моје 3, деновиве доби уште две нови верзии. Имено, авторот на песната, Саша Милошевиќ Маре подготвил неколку нови аранжмани на композицијата, а деновиве беа претставени две од нив.

„Кога песната победи на фестивалот, бев пресреќен само неколку минути. Веднаш потоа почнав да се грижам, бидејќи добро знам што сè подразбира учеството на таква голема манифестација, како што е Евровизија. Фактот што сум коавтор на победничката композиција за Евросонг 2007 година, придонесе да чуствувам оргомна одговорност, но и голема возбуда, па лесно започнав со работа.“ – изјавил Маре за РТС.

Милошевиќ направил англиска верзија на песната, поп-рок варијација на композицијата на српски и англиски јазик, балада и интересна инструментална верзија во која доминира виолина. На промотивното евровизиско ЦД ќе се најдат дури осум верзии на песната, а во продолжение преслушајте две од нив.

Извор: РТС/Фото: Фејсбук фан страница на Моје 3

 



Врати се горе ↑