Аудио skyrise-tetovo

21 март, 2013

Две нови песни од тетовскиот состав Скајрајз

Тетовскиот рок состав Скајрајз (Skyrise), оформен на 17-ти август 2012 година, неодамна ги претстави првите две песни насловени „Playing God“ и „Let Yourself Go“, продуцирани од Гоце Симоноски, гитаристот на High Control и продуцент на последниот албум на Суперхикс, „Африка“. Групата составена од Благоја Евкоски (вокал, гитара и синтисајзери), Бојан Рафајловски (гитара), Дејан Дојевски – Папак (бас гитара) и Бојан Евкоски (тапани), го негува алтернативниот рок, а доколку сте љубители на музиката на Колдплеј, Мјуз или Рејдиохед, најверојатно ќе Ви се допадне и музиката на овојнадежен македонски бенд.

Во продолжение преслушајте ги двата синглови со кои Скајрајз го најавуваат нивниот деби албум.

Фото: Јовица Рафајловскифејсбук страница на Скајрајз



Врати се горе ↑