Свет red_hot_chili_peppers

3 ноември, 2012

Две нови песни од „Лутите пиперчиња“

Бендот Ред Хот Чили Пеперс уште во јуни најавија серијал од 18 до сега снимени синглови, кои во девет наврати ќе објавуваат по 2 песни. Серијалот започна со песните „Strange Man“ и „Long Progression“, продолжи со „Magpie’s On Fire“ и „Victorian Machinery“, а потоа на ред дојдоа „Never Is a Long Time“ и „Love of Your Life“. Сега бендот ги претставува и насловите „Hometown Gypsy“ и „The Sunset Sleeps“. Насловите на следната „двојка“ сè уште не се познати, но објавени се термините на нивното појавување, односно уште еден сингл ќе слушнеме на 4ти декември, потоа следува уште еден на 18ти истиот месец, додека уште два ќе се појават на почетокот на следната година.

Во продолжение слушнете ги „Hometown Gypsy“ и „The Sunset Sleeps“.

 



Врати се горе ↑