Видео

24 септември, 2016

Две Македонки растураат во новата сезона на „Пинковите ѕвездички“

Само што започна новата сезона на музичката емисија „Пинкови ѕвездички“, а македонските претставници, како и обично, веднаш се меѓу фаворитите и на жирито и на публиката. Овој пат станува збор за талентираните Мина Блажев и Александра Трајческа.

И двете млади пејачки се претставија со одлични песни. 12-годишната Трајческа од Прилеп ја отпеа „Like I’m Gonna Lose You“ од Меган Трејнор, а 13-годишната Мина од Скопје настапи со легендарната „It’s a Man’s World“ од Џејмс Браун. Талентираните девојчиња добија само пофални зборови од жирито, а нивните настапи можете да ги погледнете овде и овде. Уживајте!

 



Врати се горе ↑