14 јануари, 2015

„Две лири“ од Каролина на македонски знаковен јазик

Песната „Две лири“ од пејачката, која 2014 година ја одбележа со рекордни 7 концерти, пред точно една година беше објавена како втор сингл од албумот „Македонско девојче 2“, а сега, благодарение на Стефани Накова, е преведена на македонски знаковен јазик.

„Започна како занимација и сега еве го тука мојот прв обид да преведам песна на македонски знаковен јазик. Се надевам дека ќе ви се допадне“, напиша Накова објавувајќи го видеото кое можете да го погледнете горе.



Врати се горе ↑